Можеби трагате по знаци кои ќе откријат дека вашиот партнер е подготвен за брак, заедничко живеење или дека е барем сигурен во вашата врска, но понекогаш тоа трагање е бескорисно. Ако вашите животни планови целосно се разликуваат, меѓусебната љубов нема да биде доволна за врската да преживее.
Тој не сака деца, а вие веќе сте смислиле имиња за нив? Со години сте во врска, а не сте ја спомнале можноста заедно да живеете? Ова се дел од сигналите кои можат да ви откријат што точно очекува партнерот од вас во иднина.
„Ако вам ви е важен бракот, тогаш за тоа треба да разговарате уште на почетокот на врската. Нема смисла да се губат време, чувства и енергија на некој кој не споделува таква важна цел“, вели љубовниот советник Џонатан Бенет.
Еве неколку знаци кои јасно говорат дека вашиот партнер не сака брак:
- Никогаш не ве претставува како девојка или партнерка, туку исклучиво по име
Тоа може да биде знак дека не е подготвен за посветена и долга врска.
- Никогаш не ве кани на семејни собири
На почетокот на една врска тоа е нормално, но кога ќе дојде време да се појавувате како пар не е баш пријатно. Венчавките, родендените и другите семејни прослави се идеални за дружење со неговото семејство, а истовремено ќе избегнете непријатни ситуации.
Проблем е ако вас никогаш не ве вика на нив. Ако тоа ви смета дадете му до знаење дека сакате да ги запознаете луѓето кои му се битни во животот.
- Воопшто не спомнува заеднички живот
И двајцата сте вработени и самостојни, но по неколку години врска и двајца живеете во одвоени станови. Ова може да биде знак дека партнерот не е подготвен на сериозна врска или брак, а можно е да станува збор за недостаток на комуникација. Вашиот партнер не може да ви ги чита мислите, па најдобро е да разговарате на оваа тема.
- Пропуштил многу шанси за да ве побара за жена
Знае дека мечтаете за брак, со години сте заедно, одите на годишни одмори, славите заедно родендени, годишници,празници и други важни датуми, но и понатаму нема прстен за вас. Објаснете му дека сте подготвени на тој чекор, како и да е, свршувачката не мора да биде изненадување.
- Ги исмејува венчавките и бракот
Не мора на сите да им се допадне идејата за традиционално венчавање или брак, но негативниот поглед на овие работи е јасен знак дека таа личност нема да стави прстен на вашата рака.