четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 118
home Живот и стил

Знаци дека сте во врска со погрешен човек

Знаци дека сте во врска со погрешен човек

Во овој пост нема да стане збор за никаква мистична „исцелителна“ моќ која на непознат начин делува на човекот. Напротив.

Овде ќе стане збор за научниот поглед врз една од основните потреби на човека а тоа е потребата од контакт, во случајов, потребата од физичкиот контакт, односно допирот.

 Допирот претставува едно од петте познати сетила, преку кои човекот го осознава светот.

Органот преку кој ги примаме допирните (тактилните) сензации е кожата, која патем речено е најголемиот орган на човековото тело. (Случајно? Нема такво нешто!)

За разлика од останатите сетила и нивните соодветни органи (вид-око, звук-уво, вкус-јазик, мирис-нос) преку сетилото за допир-кожата (и нејзините деривати: косата, влакната и ноктите, како и преку соседните органи на кожата: мукозното ткиво) примаме богатство од сензации.

Преку допирот стануваме свесни за: топло, ладно, болка, притисок, чешање и вибрации. Дополнително заедно во содејство со други телесни органи кожата испраќа до мозокот информации и за позицијата на телото, односно учествува во формирање на т.н. кинестетски осет.

Допирот е медиум преку кој дознаваме многу за околината, но најважно за оваа статија е дека преку допирот и гушкањето можеме да го унапредиме нашето здравје, да ја зголемиме среќата и да постигнеме баланс и благосостојба во животот.

Гушкање

Гушкањето претставува акт на прегрнување на друго човечко битие, друго живо битие, па дури и нежив објект. Само како пример, честопати инстинктивно, оние кои имаат домашни миленици се гушкаат со нив. Неретко се случува човек да гушне дрво или да гушне книга или слика/предмет од сакана личност.

Гушкањето претставува акт кој е длабоко човечки и со него на ултимативен начин се изразува потребата од контакт, односно од поврзување.

Иако можеби ќе зазвучи банално, но да го погледаме актот на гушкање одблизу.

Вообичаено гушкањето во кое уживаме претставува акт на физичко привлекување на конкретен субјект или објект со рацете и негово доближување и благо притискање до градите. Обрнете внимание, гушнатиот го привлекуваме и нежно го припиваме до градниот кош, местото во чија внатрешност се сместени белите дробови и срцето (честопати поврзувани со локација на која престојува душата и со која чувствуваме љубов!). Дополнително, гушкањето може да биде придружено со благо движење на рацете на гушкачот преку грбот на гушнатиот, во висина (повторно) на градниот кош а по должина на ’рбетниот столб.

Се разбира постојат и групни гушкања вообичаени меѓу блиски членови од семејство или друга кохезивна група, за кои е карактеристичен контактот со поголема површина од телото, прегрнување преку раменици или преплетување на рацете околу половината на телото, како и седнување во скут, карактеристично за деца кои чувствувајќи се безбедно, комплетно се нушнуваат во прегратките на родителот.

Гушкањето е медиум преку кој дознаваме многу за социјалниот свет, за нашите односи со другите, за односот на другите кон нас.

 Физиологија на гушкањето

Во моментите на контакт остварен преку гушкање се случуваат бројни телесни, хемиски процеси кои го подобруваат физичкото здравје на човека.

Еден од најпознатите и најчесто споменуваните факти за гушкањето е дека при гушкање се зголемува нивото на окситоцинот, т.н. хормон на љубовта,  уште нарекуван и хормон на поврзувањето.

Самиот хормон има благотворно дејство врз срцето, намалувањето на крвниот притисок и намалувањето на штетните влијанија на стресот врз организмот, бидејќи го намалува кортизолот – хормонот на стресот. Поматаму, окситоцинот го стимулира лачењето и на серотонинот – хормон на среќата и на допаминот – хормонот на задоволството, што само по себе го објаснува неговото значење за среќен живот, исполнет со задоволство (притоа не се мисли само и исклучиво физичкото туку и на емоционално и духовно задоволство).

Окситоцинот се лачи во хипоталамусот, но се складира и се излачува во крвотокот преку задниот резен од хипофизата.

Помалку познат факт за гушкањето е дека низ кожата се распоредени (нервни) центри наречени ламеларни телца (lamellar corpuscle) кои се познати како телца на задоволството. Тие имаат способност за пренесување на притисок и вибрации и истите комуницираат со мозокот преку нервот Vagus, еден од 12-те капитални (кранијални) нерви, кои директно излегуваат од големиот мозок. Конкретно, нервот Vagus излегува од мозочното стебло, односно од неговиот дел познат како продолжен мозок – мedulla oblongata (познат и како јазол на животот (!)).

Нервот Vagus дава инервација (меѓу другото) и на мазната мускулатура на белите дробови, како и на срцевиот мускул.

Она што е важно за контекстот на гушкање е дека тој е поврзан и со рецепторите за окситоцин. Ова значи дека преку стимулација на овој нерв (гушкање или допир на регијата околу градниот кош) се зголемува лачењето на окситоцинот, што доведува до бројни здравствени продобивки.

Ефекти од гушкањето

Од ефектите на гушкањето врз телесната благосостојба до кои дошле Forsell & Åström би ги издвоиле:

  • намалување на ризикот од срцеви заболувања
  • намалување на стресот
  • подобрување на имуниот систем
  • намалување на можностите од инфекции

Во однос на психичката благосостојба и среќа би ги споменале:

  • намалување на безволноста, летаргијата и меланхолијата
  • олеснување на депресивните состојби
  • олеснување на напнатост
  • намалување на чувството на осаменост
  • зголемување на чувството дека можеме да се справиме со стравот

Иако и претходно набројаните ефекти од гушкањето имаат позитивни ефекти врз човекот, сепак дел од нив во својот опис вклучуваат термини или состојби кои имплицираат некаква потешкотија или отсуство на некоја позитивна состојба.

Заради тоа, во оваа пригода особено би ги истакнале следниве неколку ефекти кои се опишуваат исклучиво со позитивни термини и имплицираат само позитивни аспекти и состојби:

  • покачувањето на самодовербата
  • покажувањето/изразувањето на почит
  • зголемувањето на чувството на припадност
  • зголемување на чувството на прифаќање
  • зголемување на чувството на среќа и задоволство

Сите ефекти од гушкањето се значајни, но за постигнување на среќа и исполнет живот предност би им дале на последните, но би апелирале да се обрне внимание на сите набројани, бидејќи се значајни за целокупноста на здравјето и благосостојбата на човекот.

Коронавирус