сабота, 14. декември 2019. Вести денес: 0
home Живот и стил

Знаци дека постојано живеете со грижа на совест

Знаци дека постојано живеете со грижа на совест

Грижата на совест е добра работа. Значи дека имате совест и дека сте свесни за вашите постапки. Но, за се постои некоја граница. Сосема е една работа да внимавате на вашето однесување и да не ги повредувате намерно другите, сосема е друго да бидете преплавени со грижа на совест за секоја работа која ќе ја направите.

Тоа може да направи да живеете во постојан страв и стрес и тоа лошо ќе ви се одрази и на здравјето, но и на вашата среќа.

Ако постојано живеете со грижа на совест, никогаш нема да можете да направите нешто што сакате и постојано ќе бидете нервозни, стегнати и никогаш нема да почнете да го живеете вашиот живот. Одлично е тоа што сте емпатични и внимавате на однесувањето, но има моменти во животот кога треба да го тргнете тој непотребен товар од вашиот грб.

Не е ваша должност да ја носите целата тежина на овој свет и среќата на другите на вашите рамења.

Ако се пронајдете во овие карактеристики, значи дека премногу се грижите и дека е време да го опуштите вашето срце и душа да бидат слободни. Во животот, сепак треба да се грижиме и за сопствената среќа.

Се плашите да преземете ризици

Да, можеби ќе направите грешка. Но, грешките се составен дел животот.

Да, можеби нема да успеете. Но, што ако успеете?

Постојано се цензурирате и се контролирате себеси и ретко сте природни и импулсивни

Да, се разбира дека не може во секое време да правите баш се што сакате, но има моменти кога едноставно треба да му се препуштите на животот и неговите авантури.

Често го менувате вашето однесување или ставови во зависност од тоа со кого зборувате

Нормално е да имате поинакви ставови, нормално е вашето однесување да не биде складно со нечие друго. Не е ваша должност да ги задоволувате сите. Секако не може сите луѓе да ве сакаат.

Постојано се грижите што мислат другите за вас

Колку и да се грижите, пак ќе има луѓе кои ќе зборуваат за лошо. Затоа фрлете го тој товар.

Како расипана касета постојано ги репризирате во глава настаните кои се случиле

И дали тоа ќе помогне? Што и да се случило, анализирањето на секоја ситница нема да го смени тоа што се случило.

Се обидувате да ги прочитате мислите на другите

Многумина се обидувале, не успеале. Луѓето се чудни, имаат различни мисли во секунда. Опуштете се.

На моменти сте преинтензивни и пресериозно го сфаќате животот

Тоа е супер во одредени ситуации, но не секогаш. Понекогаш ќе пропуштите прекрасни моменти и ќе пропуштите можности за создавање прекрасни спомени.