сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 0
home Живот и стил

Животот вели: ‘Ќе бидеш среќен, но прво ќе те направам силен’

Животот вели: ‘Ќе бидеш среќен, но прво ќе те направам силен’

Во животот се среќаваме со различни карактери на луѓе. Некои се среќни, некои не се. Некои се сакаат, некои работат на тоа да се засакаат. На некои постојано некаде му запнува, а на некои се’ им оди по план. Ги среќаваме оние луѓе на кои сите им се восхитуваат. За нив сметаме дека се вистински среќни луѓе, како лесно шетаат по Земјата низ овој живот. Но, тоа не е крајна вистина.

Оние луѓе кои ги сметаме за силни, како другите често ги нарекуваат, имаат всушност малку поинаков пристап во секојдневниот живот и погледот на свет околу нив. И тоа е она што ги прави поинакви, како и цел нивни живот.

Луѓето исполнети со мир, исто така доживуваат непредвидливи и непријатни моменти во животот. Разликата е во тоа што тие нема да седат и да набљудуваат како животот ги дрибла, дека се во вечна борба, туку ја прифаќаат таа ситуација токму таква каква што е. Нема долго да се двоумат за работи кои им се случуваат или околности кои ќе ги задесат, туку ќе се посветат на превземање на одговорност за својот живот.

Со тој чин секако дека стекнуваат моќ и контрола, над животните ситуации кои им се случуваат. Исто така повеќе се радуваат на поубавите и квалитетни моменти во своите животи, отколку да им подаруваат внимание на негативностите кои повремено ги зафаќаат. Исто така стабилните луѓе не дозволуваат некој друг да има моќ над нив, бидејќи ја знаат својата вредност.

Не попуштаат пред провокациите на другите луѓе и не се спуштаат на нивно ниво во некои беспотребни расправии. Сфаќаат дека имаат право на избор на емоции и реакции и бираат она што е навистина најдобро и најповолно во некој момент за нив.

Затоа и ни се чинат силни, бидејќи мислиме дека се имуни на се’. Всушност не се имуни, но не дозволуваат да се испровоцираат за небитни работи, кои немаат некое значење во нивните животи. Духовно и емотивно силни луѓе, исто така сакаат и промени и не се плашат. Некои луѓе одбираат да живеат во опкружување кое не им одговара, но го познаваат, бидејќи се плашат да зачекорат на патот на промената, бидејќи кој знае што таа носи.

Емотивно стабилните луѓе знаат дека промената можат да ја креираат и сами. И не се плашат да паднат некогаш и повторно да станат. За силните луѓе, кикс не преставува откажување, туку нова мотивација за уште поголема креативна акција на нешто што посакуваат.

Луѓето кои се сакаат, немаат потреба да ги задоволат туѓите барања, бидејќи знаат дека за тоа не се создадени. Не се плашат да ги кажат магичните зборови тогаш кога ќе затреба. Не дозволуваат да се искористуваат и го почитуваат своето време, но секако и туѓото.

Сакаат да помогнат, но ако увидат дека се граничи со класично искористување без жалење, тргнуваат по свој пат. Луѓето кои го почитуваат својот внатрешен мир, не дозволуваат лошото минато да им се наметнува во сегашноста. Не им придаваат големо значење на нешто, што не можат никако да го променат.

Јаките луѓе секогаш одбираат да се фокусираат на сегашниот момент, со кои можат да креираат подобра иднина, а сегашноста да ја направат интересна и примамлива. Исто така не се плашат премногу од неуспех, бидејќи реално е, тој некогаш да се случи, па луѓето кои носат самодоверба со себе, не се плашат да ризикуваат повремено и да се обидат поинаку да го уредат животот по кој одат.

Исто така психички силните луѓе, научиле многу од своите грешки и навистина немаат голема потреба да се повторуваат одново и одново. Луѓето кои во себе носат мир и љубов навистина никогаш на другите не им завидуваат на успехот туку уште ги потикнуваат луѓето, уште повеќе да работат на него.

Не ве гледаат попреку ако сте успешни во нешто дури и ако сте во нешто подобри и од нив самите. Исто така силните луѓе знаат дека времето и енергијата која ќе ја вложат во нешто, со успех нема да бидат наградени за 15 мин. Знаат дека, на се’ тоа треба да се работи, па не го губат трпението, очекувајќи успех преку ноќ.

 

извор: ozona.net

Коронавирус