понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 0
home Живот и стил

Животот никому не му останал должен

Животот никому не му останал должен

Животот е прекрасен, иако можеби не е онаков каков што вие сте го замислувале во детството. Годините проаѓаат, а ние само нешто чекаме за да почнеме да живееме со полни гради, да бидеме среќни и спокојни.

Сите тие години не можеме да ги вратиме и дури во длабока старост (ако ја дочекаме) ќе сфатиме дека животот нечујно поминал покрај нас, додека ние сме си замислувале како би сакале да живееме. Што и да ви се случи, мора да се потсетувате дека животот е од непроценлива вредност.

Животот е чудо, иако можеби баш во моментов не ви оди како што би сакале вие.

Обрнете внимание на сѐ што ви се случува, на луѓето кои ве опкружуваат, на случувањата кои ве прават среќни или радосни. Прифатете сѐ без да се побуните. Дозволете си себеси да страдате кога ви е тешко и да се радувате кога ќе доживеете успех.

Сакајте со целото срце. Сакајте сѐ – и она што ви одговара и она што не ви одговара. Извлечете го најдоброто од сѐ, од секоја случка, личност, проблем и препрека.

Засакајте се себеси, сакајте ја својата улога во овој универзум. Вашето присуство не е случајно. Вие сте важна алка во овој синџир на постоењето.

Животот е подарок, иако можеби немате сѐ што некогаш сте посакале.

Човекот го жнее, она што го посеал. Затоа давајте љубов, разбирајте, добрина, човечност, искреност, сочувство, верба. Верувајте дека доброто со добро се враќа. Правете добри дела. Помагајте колку можете. Собирајте поени кај таа моќна, креативна сила која ја нарекуваме Бог. И запомнете една од најголемите вистини…

Животот никому не останал должен.