понеделник, 20. септември 2021. Вести денес: 63
home Живот и стил

Женска особина која најмногу ги плаши мажите

Женска особина која најмногу ги плаши мажите

Воопшто не е тајна дека повеќето мажи не знаат како да се носат со одредени женски особини, а едно истражување потврди голем стереотип поврзан токму со оваа тема.

Колку пати досега сте слушнале дека мажите се плашат од паметни жени? Истражување на варшавската Висока школа за економија, под водство на Адам Карбовски, го потврди овој стереотип.

Карбовски и неговиот тим направиле експеримент во кој учествувале 500 испитаници на така наречени „брзи состаноци“. По секој состанок учесниците морале да ги оценат физичкиот изглед и интелигенцијата на личноста со која разговарале и на крајот да напишат дали повторно би излегле со него.

Преку анализа на експериментот е утврдено дека мажите попрво би отишле на втор состанок со жена која им е физички привлечна отколку со жена којашто ја оцениле како многу интелигентна.

Од друга страна, жените подеднакво ги ценат изгледот и интелигенцијата, но тие би излегле на состанок и со маж за кој сметаат дека е многу интелигентен, но физички не е толку привлечен.

На прашањето зошто мажите се плашат од паметни жени, експертите нудат едноставен одговор, поради споредба на сопствената интелигенција со интелигенцијата на жената, бидејќи тоа им нуди чувство на несигурност.

Мажите помалку ги привлекуваат жени кои се подобри од нив, а тоа е резултат од нивната моментална перцепција на самиот себе, се чувствуваат помалку мажествено кога жената ќе ги надмудри.

Коронавирус