вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 98
home Живот и стил

Жени, облечете ја оваа боја и мажите ќе “паднат“ пред вас

Жени, облечете ја оваа боја и мажите ќе “паднат“ пред вас

Познато е дека црвената боја привлекува многу внимание, но едно истражувања покажаа дека мажите едноставно „паѓаат“ и сакаат да ги заведат жените кои носат црвено.

Досега се веруваше дека жените кои носат црвено сакаат да привлечат внимание и дека токму црвената боја е одраз на нивната дива страна. Со носењето на црвена боја тие навистина може да ја остварат својата цел, бидејќи мажите не може да им одолеат.

Во студијата на една група мажи им била покажана фотографија со жена во црвен фустан, додека на друга група мажи им била покажана фотографија со жена во син фустан, а потоа од нив било побарано да ги запишат своите впечатоци. Мажите на кои им била покажана жена во црвен фустан заклучиле дека таа е забавна, опуштена, слатка и згодна и рекле дека ја замислуваат блиску до себе, за разлика од онаа која носела син фустан, за која впечатоците биле далеку повоздржани.

Експертите објаснуваат дека мажите ги привлекува црвената боја бидејќи тоа е резултат на еволуцијата.