петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 152
home Живот и стил

Жал ми е, но морав да се изберам себеси наместо тебе…

Жал ми е, но морав да се изберам себеси наместо тебе…

Додека го пишувам ова, седам покрај човек кој го сакам. Во приказната јас ја играм главната улога, а се работи за нас.

Те сакам.

Не. Те сакам тебе, затоа што се избрав себеси наместо тебе. Не затоа што сум себична, туку затоа што ти не го чувствуваш истото што го чувствувам јас. Не сакам повеќе да се надевам дека она „ние“ некогаш ќе се случи.

Тоа го чувствувам како безнадежен случај во кој јас те сакам тебе, а ти не ни знаеш за тоа. Боли само сознанието дека можевме да станеме „ние“, а никогаш нема да се случи тоа, затоа што ти тоа не го чувствуваш.

Не сум себична, нели? Тоа што се избрав себеси наместо тебе?

Очите ми се полни со солзи додека го пишувам ова. Плачам и се молам Бог да ми даде сила за да се спасам од љубовта кон тебе. Се молам да си ја вратам енергијата која ја потрошив. И би сакала да пишувам подобра приказна, а не ова. Љубовен роман, кој не е напишан досега.

Баш во овој момент, ти ги носиш омилените патики, фармерките и сината маичка. Косата ти е неуредна и би сакала да пројдам со моите прсти низ твојата коса. Пишувам за тебе и за мене и ова е последен пат што го правам тоа, затоа што кренав раце од нас.

Се одбрав себеси и сакам да те вратам онаму каде што припаѓаш, далеку од мене. Сакам да си заминам пред ти да си заминеш. Си заминувам за да можеш и ти да заминеш. Се избрав себеси затоа што сакам повторно да се чувствувам целосна. Јас само го земам назад она што отсекогаш беше само мое.

Ќе ми недостасуваш. Ти, твојата коса, твоите кафени очи, твоите усни кои засекогаш би можела да ги љубам, твојата насмевка која некогаш така лесно ги бришеше моите грижи, твојата искреност…

Но, сосема е нормално да ми недостасува човек кој сум го сакала…

Се надевам дека ќе најдеш девојка која ќе те исполни. Знам дека ќе најдеш и знам дека и ти сакаш таква девојка. Не за некоја како мене која многу сака да чита и која е исполнета со празнина. Девојка која пишува за невозвратена љубов, напатена душа која сака да се спаси од себеси.

Направи ми услуга, те молам биди среќен.

Се одбрав себеси, затоа што знам дека заслужуваш подобра љубов. А јас одам да го барам она што ќе ми помогне да бидам нечиј прв избор.

Коронавирус