вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 135
home Живот и стил

Забава стана трагедија: Малолетничка вдишала хелиум, се смеела, па починала на лице

Забава стана трагедија: Малолетничка вдишала хелиум, се смеела, па починала на лице

Ешли Лонг била весела тинејџерка и одличен студент. Таа сонувала еден ден да биде поморски биолог и да живее на Хаваи, но нејзините соништа беа прекинати со прерана смрт.

Ешли починала на 14-годишна возраст, откако вдишувала хелиум на роденденска забава, познат и како „гас за смеење“.

Во исповед на Love what matters.com, нејзината мајка го опиша она што се случило таа судбоносна ноќ.

-Се започна кога Ешли ја замоли нејзината мајка да и дозволи да ја помине ноќта со една пријателка која живееше во близина. Поводот беше роденденска прослава на која требаше да присуствуваат уште пет девојчиња, па нејзината мајка се согласи без многу размислување. На тој судбоносен ден во февруари 2012 година, Ешли ја напушти куќата околу 14 часот и нејзината мајка ѝ рече да се јави околу 18 часот. Таа се јави како што беше планирано, и се чинеше дека се е во ред. Се до 22:30 часот кога заѕвонил телефонот. Повикот бил од полициска станица во блискиот град Медфорд.

„Бев збунета. Медфорд е град од 15 минути од каде живеевме. Што правела Ешли таму? Требаше да биде на пет минути пешачење зад нашата куќа. Имав толку многу прашања.

-Кога пристигнавме во болницата Медфорд, бевме сместени во мала просторија за брза помош. Се чинеше дека чекавме целиот живот пред да дојде докторот и медицинската сестра, заедно со советникот и накратко ми кажаа дека ситуацијата е сериозна и дека ќерка ми починала. Се распаднав во шок и телото ми се вкочани. Ништо повеќе нема да биде исто, напиша мајката на Ешли за Love what matters.com.

Лекарот им објаснил дека Ешли починала од задушување предизвикано од вдишување на хелиум.

-Ова само ме збуни, затоа што никогаш не сум слушнала дека хелиумот е опасен, а камоли смртоносен. Кога полицијата се појави во болницата, бевме известени дека Ешли и нејзините другарки го напуштиле нашиот град Игл Поинт за роденденот и отишле во Медфорд, во домот на братучед на девојчето кај која мислев дека ќе ја поминат ноќта. Мајката на девојчето која го славеше роденденот беше премногу болна за да ја организира забавата, па затоа побарала од роднините наместо неа да бидат домаќини. Таа претходно не ги известила своите родители за ова, рекла мајката на Ешли.

Тие дознале дека роднината, кој ги собрал девојчињата, отишол во локална продавница и купил алкохол што им го давал на тинејџерите додека се возеле во Медфорд. Мајката на Ешла вели дека тоа е прв пат да слушнала дека нејзината ќерка пие. Кога пристигнале во куќата во Медфорд, девојчињата продолжиле да мешаат повеќе пијалоци. Во текот на ноќта, Ешли и нејзините другарки ја напуштаат куќата и се упатуваат кон соседите, доведувајќи со себе тројца триесетгодишници.

Овие мажи, исто така, почнале да пијат со малолетни лица. Во одреден момент од ноќта, еден од мажите донел хелиум. Едно по едно, мали деца почнале да го вдишуваат хелиумот. Ешли била последна што се обидела.

-Според нејзините пријатели, Ешли се двоумела да го испроба. Непрекинато ја тргала главата, но човекот инсистирал на тоа, уверувајќи ја дека тоа нема да ѝ наштети. „Ајде, ќе биде добро. Сите твои другарки го направија тоа! “. Потоа попуштила и го вдишела хелиумот. Таа врескала од смеа кога го слушна својот глас. Среде смеата, таа се паднала на подот. Ќерла ми почина правејќи го она што го правеше  најчесто – се смееше, напиша мајката на Ешли.

Денес, седум години подоцна, мајката на Ешло има различни активности и преку социјалните медиуми се обидува да ги истакне опасностите од вдишување на хелиум.

Таа, исто така објави книга во спомен на нејзината ќерка, која ја наслови „Мојата ќерка почина од смеење“.