вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 0
home Живот и стил

За убаво лице, направете си ја оваа домашна маска од јагоди

За убаво лице, направете си ја оваа домашна маска од јагоди

Јагодите освен што се многу вкусни, се и добро средство за тонирање и подмладување на кожата од лицето поради големите колични витамини и антиоксиданти во нив.

Ви предлагаме едноставен рецепт како да си направите природна маска од јагоди во домашни услови.

Оваа маска го тонизира и освежува лицето. Ја снабдува кожата со витамини и ја прави кожата свежа, мека и чиста.

Прво исчистете го лицето добро со тоник и исплакнете го со млака вода. За маската ви е потребно само каша од неколку зрели јагоди, лажица павлака и малку квасец.

Нанесете ја смесата на лицето, вратот и деколтето и оставете да делува од 20-30 минути.

Потоа лицето се мие со млака вода и се нанесува крем откако ќе се исуши.

Коронавирус