вторник, 23. јули 2019. Вести денес: 7
home Живот и стил

За сите силни жени, кои никој не ги прашува колку се изморени, исплашени, загрижени…

За сите силни жени, кои никој не ги прашува колку се изморени, исплашени, загрижени…
Stressed businesswoman sitting on couch

Кога другите те гледаат како силна жена, мислат дека не ти е потребно ништо и никој, дека можеш да се носиш со било што и дека можеш да се издигнеш над секоја ситуација.

Моќниот текст кој кружи низ социјалните мрежи, КУРИР ви го пренесува во целост:

Дека не ти треба некој кој ќе те сослуша, ќе се грижи за тебе и ќе ти угодува.

Кога те доживуваат како силна жена, очекуваат од тебе да ги решаваш нивните проблеми. Ти се обраќаат тебе и мислат дека ти не мораш да се обраќаш никому.

Силната жена не ја прашуваат дали е изморена, дали пати или не успева во животот, дали има стравови и грижи. Важно им е само таа да биде секогаш тука за нив: светилник во маглата, островот во морето.

На силната жена не ѝ се простува. Ако ја изгуби контролата, станува слаба во нивните очи. Ако се изнервира, ќе ја наречат хистерична.

Но, никој не го интересира колку енергија е потребно за да бидеш таа силна жена.

Почитувај ги силните жени во животот, дај им почест и поддржи ги, бидејќи и на нив некогаш им е потребно да бидат сослушани, пазени и сакани. Понекогаш им е потребно само да одморат.