недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Живот и стил

За оние чие срце е распарчено по загубата: Како се живее без мајка?

За оние чие срце е распарчено по загубата: Како се живее без мајка?

Овој текст ќе го разберат само оние кои ја доживеале таа најсилна болка, која го распарчува срцето. Емотивни зборови посветени за сите деца, колку и да имаат години, што останале без мајка.

Како се живее без мајка?

Без неколку основни бои во спектарот од кои би можеле да се создадат и останатите.

Без таа љубов која е резервирана само за тебе, затоа што никому не можеш да бидеш центар на светот како што си за мајката.

Без тоа чувство дека постои некој твој кога ни ти не си свој.

Како се живее без срцето под кое си дишела и растела уште пред да дојдеш на овој непредвидлив свет.

Се живее… едвај.

Ќе собереш некои недостатоци, ќе додадеш некои добри работи, ќе најдеш некој да те сака највеќе што може. И на крај ќе си родиш себеси едно дете за да го сакаш и да те сака. Но, нема да ти биде полесно. Само ќе ти биде појасно, а кога е појасно, полесно се живее.

Ако повеќе не е со тебе, затоа што морала да оди порано на небото за да те чува одозгора, пополни ја таа дупка со спомени, нежности, убави приказни, крцкањето на нејзините коски, мирисот на оној дел меѓу косата и рамената, нејзиниот глас. Искористи ги како фластери.

Ако не е во твојот живот затоа што не сака да биде, не е важно од кои причини, прво треба да ѝ простиш, а потоа продолжи понатаму и сама на себе биди си најдобра мајка.

И кога ќе видиш некои прекрасни мајки, нека не ти биде тешко. Биди среќна, затоа што добрите мајки го прават овој свет вреден за живеење. И ако познаваш некои прекрасни мајки, кои не се твојата мајка, кажи им дека се прекрасни мајки.

И ако еден ден бидеш некому мајка, прво биди најдобра за себе, затоа што ќе бидеш и најдобра за неа, него, нив.

Како се живее без мајка?

Тешко. Но, некој мора и така да живее.

Извор: СкопјеИнфо