вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 139
home Живот и стил

За ладните зимски денови одберете црвена боја

За ладните зимски денови одберете црвена боја

Црвената боја е симболот на елеганцијата и женственоста и затоа ја обожаваме…

Познато дека еднобојните стајлинзи се ултимативен тренд, а за оваа сезона посебно актуелна е жешката црвена боја која може да биде ваш избор за студените денови. Таа е класична, елегантна и женствена и никогаш не можете да погрешите со неа.

Црвената е дефинитивно празнична боја, па и оваа зима ќе биде бојата која ќе ја одбележи модата. Бидете впечатливи, модерни, женствени и уникатни со црвени парчиња облека. Црвената боја означува моќ, страст, самодоверба, па затоа можете да ја носите каде и да посакате, бидејќи со сигурност ќе го оставите посакуваниот впечаток. Дури и кога ќе направите модна комбинација без црвена боја, тогаш не пропуштајте да додадете некој црвен моден додаток или едноставно ставете црвен кармин или црвен лак на ноктите.

Најдобар начин за да зрачите со самодоверба и да не останете незабележани е со црвени парчиња облека. Црвената боја е најголемиот тренд оваа сезона, па затоа во сивите, дождливи, студени денови кои следувааt, бидете дамата која се издвојува и разубавете го вашето секојдневние во црвена комбинација.

Црвените парчиња облека можете да ги комбинирате со различни бои, во зависност од тоа каков е вашиот стил на облекување и каков впечаток сакате да оставите. Најдобар начин за да ја покажете вашата модерна страна, како и елегантен стил на облекување е со комбинација со бели, беж, тегет, црни, кафеави и небесно сини парчиња облека. Доколку сакате повеќе да експериментирате правете комбинации со други бои, кои со сигурност ќе ја истакнат вашата уникатност. Исто така, одличен избор е и монохроматскиот изглед, па заблескајте во црвено од глава до петици.

извор: vistina.com.mk