сабота, 29. јануари 2022. Вести денес: 9
home Живот и стил

Водата која подолго време била во чаша НЕ СМЕЕТЕ да ја пиете, дознајте зошто

Водата која подолго време била во чаша НЕ СМЕЕТЕ да ја пиете, дознајте зошто

Уште од деца знаеме дека наутро по станувањето е добро да испиеме една чаша вода. Но дали имате навика да посегнете по водата која цела нок отстојала покрај вашиот кревет? Сте почувствувале ли дека таа вода има поинаков и чуден вкус?

Обичната вода за разлика од храната, не содржи шеќери ниту белковини поради што на микробите им е полесно да ја загадат. За чудниот вкус на водата која преку ноќ отстојала во чаша постои објаснување.

Во водата која преку ноќ отстојала во чаша се наталожиле бактерии и прашина.

Имено, кога водата е изложена на воздух апсорбира јаглерод диоксид и мал дел од тој CO2 се претвора во карбонска киселина, што значи дека водата изложена на воздух го менува својот хемиски состав, објасни Discovery News.

Кога карбонската киселина ќе отпушти еден или два протони и ќе се претвори во бикарбонат или карбонат, тоа ја намалува pH вредноста на водата поради што таа го менува вкусот.

Водата преку ноќ исто така се полни и со бактерии од воздухот и прашина, а тоа не значи дека таа е расипана, но после се што во текот на ноќта се случува со неа вреди да размислите дали воопшто треба да ја пиете.

Коронавирус