сабота, 11. јули 2020. Вести денес: 124
МЕГА БОМБА

Заев договора да паднат судски предмети, „позадински комбинациите се правени со Катица, Оливер, со Радмила“

home Живот и стил

Во врската треба да бидете искрени, но некои работи е добро да ги премолчите

Во врската треба да бидете искрени, но некои работи е добро да ги премолчите

Многумина тврдат дека една од најважните работи за успешна врска е искреноста, бидејќи без неа не може да се воспостави доверба помеѓу партнерите. Меѓутоа, тоа не значи дека е неопходно на саканата личност да и го соопштите секој детаљ за се, бидејќи тоа би можело да има повеќе негативни отколку позитивни последици.

Секако дека од саканата личност не треба да сокриете нешто што е важно за обајцата како пар, што би можело да влијае било на вас, било на партнерот/партнерката, било на двајцата.  Но, не е неопходно да се знае баш секоја ситница за саканата личност, како ни да се каже ама баш се што ќе ви падне на памет. Деталната искреност некогаш може да биде симпатична, но некој пат може и да пречи. На пример, не сакате да чуете дека во тој фустан задникот ви изгледа поголем одошто е, ниту пак дека здивот на саканата личност и мириса, а тој/таа долго време мака мачи со тоа.

Како да се одреди каде е границата, што треба да се каже, а што треба да се премолчи?

Во принцип, не треба да и се каже на саканата личност нешто што би ја повредило, освен ако тоа не е неопходно. А не е  неопходно да  се каже секоја ситница – да речеме, навистина ви оди на нерви неговата маица со детски натпис, тоа слободно можете да го премолчите, него тоа би го навредило, а таа маица со време ќе му досади.

Доколку вистината која имате да ја соопштите на некој начин нема да биде конструктивна за вашата врска, ако повеќе ќе пречи отколку што ќе помогне, тогаш треба да се сетите на поговорката дека постојат вистини кои никому не му се потребни, а тоа што не е потребно слободно може и да се премолчи.

Парламентарни избори 2020