понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 154
home Живот и стил

Во што се татковците подобри од мајките?

Во што се татковците подобри од мајките?

Неспорно е дека мајките и татковците имаат различен родителски пристап и тоа децата го препознаваат и тоа како. Но што прават татковците толку шармантно, што децата не можат да им одолеат?

Понекогаш на мајките им се чини дека нивните методи се најисправни и дека и татковците би требало да се однесуваат така. Но и нивниот пристап на воспитување, иако понекогаш се чини дека е незрел, потребен е и исправен. Се работи само за два стилови на родителство, кои се надополнуваат.  Еве што знаат да прават само татковците:

Ги оставаат децата да ризикуваат

Замислете игралиште со зелена ограда и многу лулашки, тобогани, лизгалки. Вашиот син или ќерка упорно се обидуваат да се качат на оградата. Многу мајки ќе се запрашаат и зачудат зошто детето оди баш таму. Татковците едноставно ќе одговорат: нека се качува.

Татковците ќе им дадат малку повеќе слобода при качувањето и ќе ги остават да почувствуваат баланс, пред да ги придржат и да им помогнат. На мајките, нивната заштитничка природа не им дозволува да се опуштат. Понекогаш треба да се запрашаат дали тоа што го прави детето е навистина опасно, или само тие не можат да гледаат.

Веруваат повеќе во себе отколку во стручњаците

Жените, многу повеќе од мажите, ќе ги следат и ќе се држат до советите од стручњаците. Мажите повеќе ќе си веруваат себеси.  Кога тоа ќе го преведеме на родителски јазик значи дека мажите често не бараат совет.

Постојат многу ситуации кога треба да се слушаат советите на стручњаците, но исто така многу пати треба да му верувате на својот родителски инстикт.

Ги игнорираат деталите

Кога мажите ги облекуваат децата, не се оптоваруваат толку со прашањето кои парчиња облека одговараат и стилски се надополнуваат, а кои не. Можеби нема ни толку често да го предупредуваат детето да ги мие рацете, бидејќи сепак треба да стекне некаков имунитет и нема да им пречи малку околадо околу устата, или малку подолги шшки. Не оптоварувајќи се со детали, татковците полесно пливаат во родителските води.

Се однесуваат како деца

На татковците повеќе им оди од рака глупирањето со децата. Често се заигруваат како немирни деца, пеат во непостоечки микрофон, изведуваат смешно одење и произведуваат чудни звуцил, кои мамат насмевки на лицата. Татковците не се оптоваруваат дали ручекот е направен, дали машината за перење е исклучена и многу брзо се опуштаат во играта со децата.

Не скокаат на првиот детски плач

Ако  детето  во паркот се расплаче или викне од другата соба, мајката веднаш ќе истрча да види што се случило. Татковците се малку посмирени по однос на тоа прашање и кога ќе се уверат дека ништо страшно не се случило, ќе го остават детето да се смири само. И тоа е во ред.

Не се грижат толку за одржување на рутината

Ако татковците работат цел ден и навечер се враќаат дома, ќе бидат алку пофлексибилни кога е во прашање рутината. Тоа е во ред. Тие побрзо ќе се смеат и играат со детето, отколку да се држат до времето за бањање. Мајките многу често ги сфаќаат работите сериозно и доследно.

Извор: Рингераја

 

Коронавирус