петок, 23. јули 2021. Вести денес: 89
home Живот и стил

Во 24-та недела од бременоста докторот и рекол: „Подобро абортирај и направи ново“- по пет години се случило чудо (ФОТО)

Во 24-та недела од бременоста докторот и рекол: „Подобро абортирај и направи ново“- по пет години се случило чудо (ФОТО)

На оваа храбра мајка сите лекари и велеле да абортира и да направи ново дете, а таа за тоа не ни сакала да слушне.

Имено Венди Вонг (41) од Њукасл знаела дека нејзината ќерка Савана ќе боледува од редок тумор, станува збор за чистичен хигром кој е многу редок и бениген тумор на линфните садови.

-Кога бев бремена во 22-та недела лекарот ми рече дека гледа некој израсток на вратот на бебето и да се вратам за неколку недели за да ги види сите детали и за што се работи. Кога се вратив на контрола бев во 24-та недела од бременоста и ми кажа во што е проблемот и совет да абортирам и да направам ново дете. Му кажав дека веќе чувствувам како бебето мрда во мене и дека нема шанси да абортирам. Одговорот на лекарот беше дека имам две опции, да абортирам или да ја продолжам бременоста, а детето секако ќе умре на породувањето, вели Венди која побарала мислење и од друг лекар.

Таа додава дека другиот лекар и кажал дека видел и полоши случаи од нејзиниот, па ја охрабрил да донесе конечна одлука да го задржи детето.

По раѓањето бебето два месеци останало во болница, а откако ги пуштиле и дале експериментална терапија која би требало да ја отстрани течноста од цистата.

Терапијата навистина имала ефект, па родителите и лекарите биле изненадени од резултатите.

Денес Савана има пет години и иде во градинка, а родителите велат дека живее како и сите нормални деца.

-Многу мајки кои се бремени и им е кажано дека имаат исти проблем како мојата ќерка ми пишуваат постојано, а јас сакам само да им порачам дека децата со оваа дијагноза можат да живеат совршено и среќно. Мојата Савана е доказ за тоа, заклучува Венди.

Коронавирус