сабота, 21. јули 2018. Вести денес: 58
home Живот и стил

Внимавајте кога купувате паричник- тој влијае на вашата финансиска состојба

Внимавајте кога купувате паричник- тој влијае на вашата финансиска состојба

Обично машката популација не сака да носи паричник и редовно има финансиски проблеми.

Затоа треба да се размисли за поседување новчаник. Не мора да го носите со себе, но користете го дома. Во него чувајте дел од парите. Редовно дополнувајте го и земајте од него. Новчаникот може да биде во спалната или на работната маса. Важно е да го имате, да биде ваш и да го отварате почесто.

Која боја?За жени: златен, но и црвено златен (црвеното е оган, златното е метал; огнот го топи металот и го претвора во течно злато. За мажите браон со златни детали (браонот- земја – стабилност, златно – метал; Земјата создава метал = постојани приходи.

Дали сами го купувавте? – Правило е секогаш сами себе да си го купите, бидејќи незнаете каква судбина, карма и енергија по прашање на финансиите има лицето кое ви го купила праичникот, и друго – дали таа личност ви го подарила празен?

Дали паричникот ви е среден? – Ако парите не се убаво наредени, тогаш е неред и блокираност во паричникот во енергија на вашите финансии, како и во домот. Неред во паричникот го покажува ваше непочитување спрема парите.

Дали новчаникот ви е полн со книжиња и визит картици? – Во новчаникот никогаш не смеете да носете неплатени па дури и платени сметки, бидејќи секогаш ќе привлекува енергија за трошење. Пожелно овие работи да ги носите одвоени .

Дали сте горди на вашиот паричник? – Треба да бидете горди на својот паричник, ако не го сакате, нема да можете и да го “полнете”. Кога купувате паричник, одберете го оној кој најмногу го сакате.

Колку пари носете во него? – Метафизичката тајна врли дека треба да имате малку повеќе во паричникот од вообичаено, бидејќи тоа привлекува уште поголем прилив на пари.