понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 154
home Живот и стил

Внимавајте какви коцки му купувате на вашето дете, не се почитуваат ниту судските пресуди

Внимавајте какви коцки му купувате на вашето дете, не се почитуваат ниту судските пресуди

И покрај судската пресуда во ноември, кинеската компанија Lepin, продолжила да произведува копии на Лего коцки, кои речиси не можат да се разликуваат од оригиналот, изјавува данскиот CPH Post Online.

Кинеската полиција изгубила трпеливост со оваа фирма и уапсила четри лица за кој се сомнева дека се наоѓаат зад производството на лажни Лего коцки, објави BBC.

Lepin досега произвел коцки во вредност од околу 200 милиони дански круни и ги продавал низ цела Кина. Овие копии се речиси идентични со оригиналот, а единственa работа која се разликува е правописната грешка на кутијата од една играчка, наместо „Star Wars” стои “Star Wnrs”.

Уште во ноември, судот во кинеското место Гуангжу, донел пресуда за четири компании кои го загрозуваат авторското право на Лего и дистрибуираат производи кои ги збунуваат потрошувачите. Тогаш на овие компании им било наредено веднаш да го прекинат производството и дистрибуцијата на коцки, но исто така и да платат 4,3 милиони дански круни како обештетување.

Коронавирус