понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 141
home Живот и стил

Внимавајте каде си ги чувате лековите: Ова е најлошото и најопасно место за домашната аптека!

Внимавајте каде си ги чувате лековите: Ова е најлошото и најопасно место за домашната аптека!

Пакувањето на секој лек содржи упатство на кое, покрај останатото, пишува и како треба да се чува лекот. Нека не ви биде тешко да го прочитате, бидејќи тоа е исклучително важно.

Кујната е необично место за чување на лековите, а на лековите не им е место ниту во спалната соба, па многумина мислат дека бањата за нив е одличен избор. Меѓутоа, фармацевтите велат дека тоа е веројатно најлошото место за домашната аптека.

Лековите таму се изложени на голема влажност, што веројатно ќе влијае и на тоа тие да ја изгубат својата делотворност, велат од Здружението на германските фармацевти „BAH“. Тоа важи дури и ако не го отворите пакувањето. Наместо тоа, повеќето лекови сакаат ладни и суви места, меѓу 15 и 25 степени. Не треба да ги изложувате на високи температури или голема влажност. Пакувањето на секој лек содржи упатство на кое, покрај останатото, пишува и како треба да се чува лекот. На вас ви останува да го прочитате тоа упатство, бидејќи тоа не е тука без причина.

Во фрижидерот одат лековите на кои тоа задолжително го пишува или пак тоа ќе ви го каже вашиот доктор. Кога живата во термометарот ќе прејде 25 степени, повеќето лекови и козметички производи најдобро е да се преместат во фрижидерот или просторијата заштитена од директен извор на топлина, светлина или влага. Ако лекот не е соодветно сочуван, може да дојде до топење, распаѓање на состојките и намалување на делотворноста.

Може да дојде и до промена на органолептичките својства, односно бојата, трајноста, мирисот и вкусот. Антибиотиците за време на летото треба да ги чувате во фрижидерот, бидејќи на собна температура тие би можеле да ја изгубат стабилноста и делотворноста. Капките, вагиналетите, инсулиските инекции треба да ги чувате на температура од 2 до 8 целзиусови степени. Експертите предупредуваат дека лековите сепак не треба да се чуваат на температура пониска од нула степени, бидејќи ќе замрзнат и повторно ќе се намали нивната делотворност. Доколку станува збор за крема, таа е сомнителна за користење доколку има грутки. Губитокот на боја и чудниот мирис се сметаат за знаци на предупредување дека ниту со маста и геловите нешто не е во ред.

Доколку лекот изгледа поинаку од вообичаеното, не го користете, бидејќи може да има штетно и опасно дејство!

 

Коронавирус