сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 108
home Живот и стил

Вие го баравте него, сега тој ќе ве најде вас: Покемон ќе ги напаѓа играчите додека спијат

Вие го баравте него, сега тој ќе ве најде вас: Покемон ќе ги напаѓа играчите додека спијат

Компанијата Покемон најави денеска дека од 2020-та ќе лансираат нова игра, што ќе се фокусира на времето додека играчот спие.

Оваа игра ќе биде во спротивност од Покемон гоу, со која играчите се мотивираа да се движат. Целта на оваа игра „Покемон на спиење” има за цел сонот да им го направи забавен.

Со играта ќе се бележи кога играчот оди во кревет, кога станува, во кое време на денот или ноќта најчесто спијат, соопшти јапонската компанија Кјодо, од каде додаваат дека наскоро ќе имаат повеќе детали.

Претседателот на Покемон, Кунеказу Ишихара рече дека сега се обидуваат сонот да го претворат во забава.

-Играчите ќе уживаат во добар сон заедно со Покемон, а будењето за нив ќе биде задоволство,  рече Ишихара.

Корисникот ги пренесува податоците на телефонот и легнува да спие со телефонот до него. Утрото, кога ќе се разбуди ќе го чека подарок.

Во меѓувреме Нинтендо почнува да ја продава верзијата Покемон гоу плус, што ќе може да се следи и на телефон.

Коронавирус