вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 0
home Живот и стил

ВИДЕО: Трогателна прва средба на седуммесечни близначиња

ВИДЕО: Трогателна прва средба на седуммесечни близначиња

Родени во 30-та недела од бременоста, идентичните близначки Кора и Милер од Атланта во американската сојузна држава Џорџија, беа разделени три недели по раѓањето. Но, нивната средба по повеќе од шест месеци, покажа дека ништо не може да ги уништи односите меѓу нив.

Имено, девојчињата се родени со здравствени проблеми кои требало да се лекуваат во различни болници. Сепак, работите на крај се средија, па девојчињата се сретнаа во кардиолошкиот оддел во Детската болница во Атланта.

На фотографијата од нивната емотивна средба, се гледа нивната очевидна и нераскинлива сестринска врска, додека се гледаат во очи и се држат за раце.

– Кора и Милер знаат доста за оваа сила. Поради нивниот престој во различни одделенија, сестрите се немаа видено повеќе од 200 дена. Кога конечно беа заедно, тие инстинктивно се фатија за рачињата… Никој не можеше да си ги задржи солзите, напиша некој покрај објавената фотографија на инстаграм-профилот на болницата во Атланта.

Линдзи Меккој, мајката на девојчињата, исто така беше таму.

– Моето срце експлодира од среќа, изјави таа.

На близначките им биле најдени проблеми околу нивниот раст, што влијаеле на нивниот развој во матката. Кора е родена со тежина од 1.615 грама, а Милер со само 500 грама. Милер се уште заздравува од операцијата, но семејството се надева дека наскоро сите ќе бидат дома заедно. (МИА)

Видеото може да го погледнете ТУКА 

Коронавирус