понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 77
home Живот и стил

Видео порака за младите: Во овие 40 секунди ќе сфатите каков хорор е коронавирусот ако не почитувате мерки

Видео порака за младите: Во овие 40 секунди ќе сфатите каков хорор е коронавирусот ако не почитувате мерки

Предизвикот на сите држави е да пронајдат соодветен начин да се допре до младите и до нивната свест.

Мариано Урало, социолог од мадридскиот универзитет, тврди дека укинувањето на карантинот младите го сфатиле како враќање на слобода. Градските власти на Мадрид снимиле видео со цел на младите да им покажат и да ги убедат дека коронавирусот мора да го сфатат сериозно.

Видеото почнува со кадар на група млади луѓе кои пијат пиво во еден бар и притоа играат во ноќниот клуб.

Во следната сцена се гледа пациент на респиратор, а завршната сцена прикажува крематориум.

Дел од коментарите се дека ова видео е многу морбидно и брутално. Останатите коментираат дека ова е единствен начин да се допре до младите!

Коронавирус