вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 147
home Живот и стил

ВИДЕО: 45 минути бил клинички мртов, а она што го доживеал во тој период на сите го раскажува

ВИДЕО: 45 минути бил клинички мртов, а она што го доживеал во тој период на сите го раскажува

Неговиот мозок бил без кислород 45 минути, фактот дека се движи, се смее и говори е неверојатно, открива медицинската сестра која била задолжена за Брајан.

Овој човек на 45 минути бил без пулс, но се разбудил со неверојатна приказна за задгробен живот.

Камионџија во Охајо го шокирал медицинскиот персонал кога ќе вратил во живот речиси еден час откако загубил пулс, а по доживеал срцев удар. Тврди дека тоа што го видел за време на наведениот период го уверило дека постои загробен живот.

Брајан Милер (41)  ја отворал приколката кога почувствувал дека со него нешто не е во ред, повикал Итна помош и му рекол да операторот дека мисли дека има инфаркт.

Неговата главна артерија била целосно блокирана што го предизивикало ударот.

Лекарите успеале да го оживеат, но откако се свестил и се ослободил од болката, развил фибрилација на срцевите комора, односно состојба кога срцето почнува да дивее и не е во состојба на пумпа крв.

-Немаше отчукувања на срцето, немаше крвен притисок и немаше пулс, вели медицинската сестра Емили Бишоп.

Докторот извршил брза, силна реанимација четири пати, но Милер не успеал да оживее.

За тоа време, камионџијата тврди дека отишол во небесниот свет.

-Единствена работа на која се сеќавам е дека видов светлина и трганв кон неа. Одев по пат обложен со цевеќе кон белата светлина. Ја сретнав мојата маќеа, која неодамна почина, таа беше најубавото нешто го имам видено, беше како првиот ден кога ја запознав, изгледаше среќно. Ме фати за раката и ми кажа дека не е мое време, дека не треба да бидам тука, дека мора да ме вратат назад бидејќи имам уште многу работи да завршам, вели Милер.

Сестрата открива дека по 45 минути неговиот пулс се врати од нигде никаде.

Среќен што е повторно меѓу живите, Милер вели дека е сигурен дека постои задгробен живот и дека луѓето мора да веруваат во тоа.

Коронавирус