петок, 20. септември 2019. Вести денес: 118
home Живот и стил

Верувања: Како да изберете паричник и да ви носи среќа?

Верувања: Како да изберете паричник и да ви носи среќа?

Паричник, важно е да го имате, да биде ваш и да го отварате почесто.

Која боја? – За жени: златен, но и црвено златен (црвеното е оган, златното е метал; огнот го топи металот и го претвора во течно злато. За мажите браон со златни детали (браонот- земја – стабилност, златно – метал; Земјата создава метал = постојани приходи.

Дали сами го купувавте? – Правило е секогаш сами себе да си го купите, бидејќи не знаете каква судбина, карма и енергија по прашање на финансиите има лицето кое ви го купила паричникот, и друго – дали таа личност ви го подарила празен?

Дали паричникот ви е среден? – Ако парите не се убаво наредени, тогаш е неред и блокираност во паричникот во енергија на вашите финансии, како и во домот. Неред во паричникот го покажува вашето непочитување кон парите.

Дали паричникот ви е полн со книжиња и визит картици? – Во новчаникот никогаш не смеете да носете не платени па дури и платени сметки, бидејќи секогаш ќе привлекува енергија за трошење. Пожелно овие работи да ги носите одвоени .

Дали сте горди на вашиот паричник? – Треба да бидете горди на својот паричник, ако не го сакате, нема да можете и да го “полнете”. Кога купувате паричник, одберете го оној кој најмногу го сакате.

Колку пари носите во него? – Метафизичката тајна врли дека треба да имате малку повеќе во паричникот од вообичаено, бидејќи тоа привлекува уште поголем прилив на пари.