сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Живот и стил

Веднаш ќе го фрлите сунѓерот за капење откако ќе го прочитате ова

Веднаш ќе го фрлите сунѓерот за капење откако ќе го прочитате ова

Повеќето дерматолози се едногласни дека ваквиот сунѓер за капење никако не треба да го користите!

Мрежестиот сунѓер во облик на роза е вистинско гнездо на бактерии кои растат и се развиваат на него за само една ноќ.

Истражувањата пак покажаа дека дури 98 проценти од дерматолозите никогаш не би препорачале употреба на ваква мрежеста роза. Наводно тие можат многу повеќе да ни наштетат отколку да ни помогнат.

Кога користите мрежест сунѓер, мртвата кожа која се отстранува при капењето всушност останува во мрежата. Кога после тоа ќе се остави ваквиот сунѓер во влажна и топла атмосфера во бањата, тогаш се создаваат и одлични услови за развој на најразлични бактерии, габи и мувла во внатрешноста на сунѓерот.

Ако пак употребувате мрежест сунѓер на тукушто избричена кожа, нештата стануваат уште полоши. Бактериите потоа може да се задржат на малите ранички и така да се предизвика инфекција како и многу други проблеми со кожата.

Ако пак навистина сакате да ги користите овие сунѓери, важно е добро да ги исперете и исплакнете после употребата и да ги оставите да се исушат надвор од бањата, а препорачливо е и да ги менувате на секои четири недели или и порано, или пак веднаш кога ќе почувствувате некаков чуден мирис или траги од мувла.

Коронавирус