недела, 31. мај 2020. Вести денес: 27
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Живот и стил

Важни совети: Како да ги заштитите вашите деца од комарците?

Важни совети: Како да ги заштитите вашите деца од комарците?

Комарците се најактивни во лето. Најмногу ги има во области покрај река, но не им е проблем да прелетаат и по неколку десетини километри. Комарците на нашите простори не се многу опасни и многу ретко пренесуваат болести, за разлика од некои други подрачја каде што “обичен“ убод може да предизвика сериозно заболување.

Убодот од комарец предизвикува црвенило и благ оток, како и непријатно и понекогаш неподносливо чешање. Чувствителните лица (бебиња, мали деца, лица кои се алергични) може да имаат појаки симптоми, но најчесто тоа се локални реакции кои не се опасни.

Постојат неколку совети како да се одбраните од овие досадни инсекти. За време на престојот на отворено, децата облекувајте ги во облека во светли нијанси како белата, бидејќи се смета дека комарците ги привлекуваат потемни бои.

Покрај тоа, исхраната може да биде од суштинско значење, бидејќи луѓето чија исхрана се базира на слатки, како и на посолена храна, се “попривлечни“ за овие инсекти.

Исто така, не треба да користите силни цветни и овошни мириси, бидејќи по вас може да тргне цел рој, со што се загрозувате и себе и вашето дете. Освен овие мерки за превенција, на располагање ви се и разни производи кои ги штитат најмладите од убоди од комарци.

Во домашни услови најефикасен вид заштита се мрежите за прозорци и врати кои со сигурност ќе бидат од големо значење, а за бебешкото креветче може да послужи и балдахин.

На пазарот постојат разни препарати кои ги штитат малите деца од убоди. При изборот на производи, треба да обрнете внимание на неколку детали, а тоа се: возраста за која е наменет производот, рокот на употреба, како и упатството каде што е точно наведено како се користи производот (да не се нанесува на оштетена или иритирана кожа, да се нанесува во тенок слој итн).

Кога сте дома, на располагање ви се уреди кои ги истеруваат комарците, но не е пожелно да се користат во близина на деца. Постојат и уреди кои можете да ги закачите на бебешката количка, торба, дел од гардеробата, бидејќи тие работат на батерии.

Коронавирус