среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Живот и стил

Вашата омилена облека се собрала по перењето? Еве како да ја спасите

Вашата омилена облека се собрала по перењето? Еве како да ја спасите

Барем еднаш во животот ви се случило да фрлите маица во машина за перење, а откако ќе ја извадите таа да биде еден број помала заради погрешно наместената температура. Не очајувајте, и за тоа постои решение.

1.Во еден пластичен сад ставете топла вода и во неа додајте една шолја шампон за бебе.

2.Маицата или кој било друг дел од облеката ставете да отстои во таа вода, а повремено нежно тријте ја за влакната од ткаенината да се опуштат.

3.По половина час – час извадете ја маицата од водата, но без да ја исцедите, туку само благо стиснете ја да излезе вишокот вода.

4.На рамна површина раширете еден пешкир и на него ставете ја маицата, па потоа свиткајте го пешкирот за да го впие вишокот влага.

5.Оставете така да отстои 20-тина минути, а потоа одвиткајте го пешкирот.

6.Раширете нов, сув пешкир и на него нежно ставете истегнете ја маицата до каде што можете.

7.Оставете ја маицата да се исуши на пешкирот, а ако не сте задоволни со резултатот, повторете ја постапката.

Коронавирус