вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 157
home Живот и стил

Ваквото миење НЕ ги дезинфицира садовите: Следете ги овие упатства!

Ваквото миење НЕ ги дезинфицира садовите: Следете ги овие упатства!

Додека ги миете садовите со топла вода и детергент, сигурно мислите дека ги оставате чисти и дезинфицирани.

Не сакаме да ви носиме лоши вести, но денес особено важно е да се напомене дека повеќето средства за миење садови немаат антибактериски својства.

Тоа е вистина, па дури и да сте ги потопувале и триеле со сета сила. Вашите чисти садови може да се всушност легло на бактерии, вируси и нечистотии.

Во повеќето случаи ова не е причина за загриженост, но ако некој во вашиот дом неодамна бил болен или на штиците и чиниите сте приготвувале свежо месо, мора да се погрижите се’ да биде навистина дезинфицирано.

Како да бидете сигурни дека садовите се потполно чисти и сигурни за употреба? Следете ги овие упатства!

Користете машина за садови ако ја имате

Иако постои дебата околу тоа што ги мие подобро садовите, машината или рацете, сепак, ако треба да одредиме кој уништува повеќе бактерии, машината е сигурен победник!

Можеби таа не е најдобар начин на отстранување дамки и остатоци од храна, за време на миењето може да постигне многу повисока температура од таа што вашите раце би можеле да ја поднесат. Водата е еден од најважните фактори за уништување бактерии.

За да бидат бактериите уништени, температурата на водата треба да биде над 60 степени.

Извор: Убавина и здравје

Коронавирус