недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 50
home Живот и стил

Вакцина против коронавирусот можно и до крајот на годината, еве во која фаза се тестирањата

Вакцина против коронавирусот можно и до крајот на годината, еве во која фаза се тестирањата

Две фармацевтски компании Модерна Инц и Пфизер Инц објавија дека влегле во третата фаза на тестирање вакцина за Ковид-19 извршено на по 30.000 испитаници, која би можела да добие одобрување од регулаторното тело и да се пушти во широка употреба до крајот на оваа година.

Двете компании кои работат на оваа вакцина користат нова технологија која овозможува брз развој и производство од традиционални методи на произведување. Таканаречената mRNA вакцина ќе „влезе“ во имунолошкиот систем да го препознае и неутрализира вирусот.

Модерна од американската влада за развој на вакцината доби близу милијарда долари. Пфизер со американската влада, пак, потпиша договор вреден околу 2 милијарди долари за продажба на вакцини за 50 милиони луѓе доколку таа се покаже ефикасна.

Во различна фаза на развој во моментов се наоѓаат над 150 потенцијални вакцини за коронавирус, од кои дваесетина веќе клинички се испитуваат на луѓе. Директорот на американскиот Национален здравствен институт истакнал дека Модерна, ако вакцината се покаже сигурна и ефикасна, би можела да има подготвено над десетина милиони дози од вакцината.

Пфизер соопшти дека доколку тестирањето биде успешно, веќе во септември би можеле да побараат одобрување од регулаторното тело и до крајот на годината да испорачаат вакцини за 50 милиони пациенти.

Планираат до крајот на 2021 година да произведат околу 1,3 милијарди дози вакцини, додека Модерна цели на производство на 500 милиони до една милијарда дози годишно почнувајќи од следната година. Резултатите од тестирањата ќе бидат познати можеби и пред декември оваа година.

Коронавирус