петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Живот и стил

Урбана иновација за почист воздух: Кулата која влече смог доаѓа во Полска, ова е потребно и кај нас! (ВИДЕО)

Урбана иновација за почист воздух: Кулата која влече смог доаѓа во Полска, ова е потребно и кај нас!  (ВИДЕО)

Кулата што влече смог од воздухот, по Холандија и Кина пристигнуваат во Полска.

Холандската компанија „Studio Roosegaarde“, предводена од нејзиниот основач Даан Рузгард, започна серија урбани иновации кои комбинираат уметност и модерна технологија за создавање урбано и чисто опкружување.

Меѓу иновациите беше и „кулата за смог“, првата правосмукалка за смог што наскоро ќе го најде своето место во Полска.

Урбана иновација за почист воздух

По првичното инсталирање во Ротердам и Амстердам, потоа во Пекинг во 2016-та година, првиот светски чистач на смог доаѓа во Краков, Полска, за да  го реши проблемот со загаденоста во градот со употреба на технологија за јонизација.

Кулата која влече смог е дел од проектот што го започна холандската компанија, предводена од дизајнерот и иноватор Даан Рузгард, кој има за цел да создаде почист воздух во урбаните области. Висината на оваа иновативна кула е 7 метри и има дебелината од 3, 5 метри. Користејќи технологија на јонизација, кулата привлекува и апсорбира штетни честички на смог и го враќа прочистениот воздух назад. Собраните честички на јаглерод што се оставени зад себе по прочистувањето на воздухот се компресирани и се користат за правење накит.

Екстремно висока ефикасност

Научниците од технолошкиот универзитет Ајндховен ја проучувале ефективноста на кулата „Роузгард“ и откриле дека може да зафати до 70% од честичките ПМ10 (суспендирани честички со дијаметар помал од 10 микрометри) и до 50% од честичките ПМ2,5 (суспендирани честички помалку од 2,5 микрометри во дијаметар) .

Тестовите откриле дека кулата троши помалку електрична енергија од обичен бојлер. Откако беше инсталиран во Пекинг, кулата расчисти 30 милиони кубни метри воздух за 41 дена, што е десет пати поголема од обемот на Националниот стадион во Пекинг со капацитет од 80.000 гледачи.

„SmogFreeTower“ наскоро доаѓа во Краков, поточно во Јордан парк во близина на Музејот за современа уметност, каде ќе се одржи изложба од 16-ти февруари до 15-ти април, на која се претставени прстени направени од собрани честички од јаглерод во веќе воспоставени кули.

Извор: Ековјесник