сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 116
home Живот и стил

Унаказила 11 лица со нејзините третмани: Уапсена докторката шарлатан Олгица

Унаказила 11 лица со нејзините третмани: Уапсена докторката шарлатан Олгица

Откако минатата недела во Србија бил уапсен лажниот естетски хирург Сава Кнежевиќ, денеска при бегство од земјата е уапсена докторката шарлатан Олгица Маркановиќ. Таа била приведена во моментот кога се обидела да ја премине границата со Хрватска, пишува спрски Блиц.

Во март годинава, група жени и мажи тврделе дека биле обезличени со третманот во салонот за убавина, воден од Маркановиќ, за што ја тужеле. Освен во Белград, Маркановиќ работела и во Бања Лука.

Осомничена е за изобличување на 11 лица. Маркановиќ е уапсена по повеќе обвиненија за кривични дела, вклучувајќи и тешки дела против здравјето на луѓето, надрилекарство, надриаптекарство, неовластено работење … Исто така, како што се наведува, таа немала лиценца од Министерството за здравство за својата работа.

Лицата кои подлегнале на третманите на Олгица Маркановиќ опишале што им се случило пред неколку месеци.

-Отидов кај О.М. за корекција на носот и наместо радост и задоволство, буквално преживеав пекол. И сè уште го живеам, вели М.Ф. од Белград.

„На вратата стоеше естетско студио, што беше доволно за да не се посомневам дека станува збор за измама, бидејќи како некој може да добие работна дозвола, без навистина да биде професионален и квалификуван. Покрај тоа, сè изгледаше одлично, подобро отколку во повеќето белградски клиники. О.М. ме прими, ме погледна, рече дека ќе се погрижи за сè и закажавме ласерско лекување две недели. Инаку, таа го промовираше овој ласер како единствен и најреволуционерен во Србија и се пофали како и доаѓаат други лекари за да бидат информирани“, наведува М.Ф. (31), пишува Блиц.

Коронавирус