сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Живот и стил

Трудниците и нивната специфична потреба за одредени јадења

Трудниците и нивната специфична потреба за одредени јадења

Некои бремени жени во одреден период мислат само на торта, сладолед или, пак, на кисели краставички. Има и такви кои во еден часот по полноќ го праќаат сопругот по пржено пилешко или одреден вид чоколадо…

Се поставува прашањето – зошто е тоа така? Најчестото стручно објаснување е недостаток на одредени хранливи материи. Затоа, не е невообичаено да се појави желба и за храна која инаку жената претходно не ја јадела и не сакала воопшто не ја јаде.

Друг фактор, во оваа смисла, се и хормоните кои освен што го менуваат телото на идната мајка, влијаат и на сетилата за вкус и мирис. Така, иако трудницата пред бременоста била речиси вегетаријанка, сепак, може да побара стек или парче салама. Причина за тоа најверојатно е недостаток на железо и протеини. Желбата за солена и кисела храна. пак, укажува на потреба од натриум.

Како и да е, желбата за масна храна, чоколадо или пржени компири може да прерасне во опсесија на којашто тешко може да се одолее. Тоа води до прејадување и подоцна – до каење.

Истражувањата посочуваат дека трудниците кои имаат преголем копнеж за храна и тешко одолеваат на тоа, подоцна имаат проблем со тежината што доведува до компликации во бременоста и во породувањето.

Стручњаците препорачуваат ако веќе некое јадење „ви остане“ во мислите, набавете здрава верзија од намирниците… Значи, ако сакате чоколадо, подобро јадете темно чоколадо. Исто така, се препорачува целосна поддршка и помош од семејството. Тие треба да имаат целосно разбирање за трудницата и да јадат здраво за време на целата бременост. 

Коронавирус