среда, 14. ноември 2018. Вести денес: 9
home Живот и стил

Трогателна приказна: Нејзиниот татко се бори за живот, а сепак успеа да ја испрати пред олтарот (ГАЛЕРИЈА)

Трогателна приказна: Нејзиниот татко се бори за живот, а сепак успеа да ја испрати пред олтарот (ГАЛЕРИЈА)

Додека се подготвуваше за својот голем ден, Шарлот исто така се соочуваше со дијагнозата на нејзиниот татко. По едногодишната борба со ракот на црниот дроб, здравјето на Педро Виљарин се влошуваше, а неговата ќерка се соочи со реалноста дека можеби тој нема да успее да ја испрати до олтарот.

Поради тоа, Шарлот и нејзиниот свршеник, Марк Кордова, ја презакажале својата свадба на 9-ти август- два месеци порано отколку што планирале.

Тие, исто така, презеле посебни мерки за да се осигурат нејзиниот татко да се чувствува најудобно што може.

-Ангажиравме брза помош и медицинска сестра. Мислевме дека тој ќе може да седи на инвалидска количка, но не можеше, па мораа да употребат носилка од амбулантата,  изјави Виларен.

Иако немало друо решение, освен да биде во лежечка позиција, Педро успеал да го исполни својот сон за “испраќање” на својата ќерка до олтарот и гледајќи ја како се мажи.