вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 89
home Живот и стил

Три големи грешки кои ги правиме додека сме настинати

Три големи грешки кои ги правиме додека сме настинати

Еве кои се  најчестите грешки што ги правиме кога сме настинати:

1. Не пиеме доволно течности

Кога човек ќе настине лесно може да дехидрира, а болното грло прави помалку да ви се пие вода. Затоа, во случај на настинка внесувајте доволно течности во вид на супа, чај/компот или вода. Воздржете се од кофеин и алкохол, бидејќи ги извлекуваат течностите од телото.

2. Не одмараме доволно

Спиењето помага имунитетот да функционира како што треба. Кога ќе настинете потребно е повеќе сон и одмор за да може телото да се избори со вирусите. Првите три дена од појавата на првите симптоми искористете ги најмногу за мирување.

И кога сте здрави, ако не сте наспиени, полесно ќе настинете бидејќи имунитетот е слаб, со што телото е повеќе подложно на болести. Според едно истражување, луѓето кои спијат помалку од 7 часа скоро три пати се повеќе склони на болести од оние кои спијат по 8 часа.

3. Под стрес сме

Стресот лошо влијае на имуниот систем, организмот не може да се бори со вируси како што треба. Кога сте под голем стрес полесно ќе настинете, а ако сте веќе болни, потешко ќе закрепнете.

Коронавирус