недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 47
home Живот и стил

Тон емоции: Таа е сестра за пример, еве како му пее на своето братче со Даунов синдром (ВИДЕО)

Преку музика и песна, двегодишното момче полека учи нови зборови.
Тон емоции: Таа е сестра за пример, еве како му пее на своето братче со Даунов синдром (ВИДЕО)

Видео од грижливо девојче кое му свири и пее на своето братче со Даунов синдром ќе ви го разнежни срцето.

Имено, талентираната Лидија требало да се грижи за Бо додека нивната мајка заврши со туширање, па го пронашла идеалниот начин за смирување и поврзување со своето помало братче. Преку музика и песна, двегодишното момче полека учи нови зборови.

-Ќерка ми Лидија го чуваше Бо додека јас се туширав. Кога излегов, го видов ова. Ако таа немаше гитара не знам како ќе успееше да го чува. Ова е доказ дека музичката терапија функционира. Бо има 25 месеци и има речник од 12 зборови. Секој од тие зборови тој го има научено преку музика и пеење, напиша гордата мајка во описот.

Лидија и Бо имаат уште три братчиња.

Коронавирус