вторник, 18. септември 2018. Вести денес: 117
home Живот и стил

Тоа што го преживеа оваа жена на операција е ужасно: Докторот се расплакал од мака, а ќе се вознемирите и вие (ВИДЕО)

Тоа што го преживеа оваа жена на операција е ужасно: Докторот се расплакал од мака, а ќе се вознемирите и вие (ВИДЕО)

Канаѓанката Дона Пенер го потресе светот со нејзината приказна дека за време на целата операција на стомакот, била будна, но не можела да пушти глас.

Дона преживеала вистински хорор за време на рутинска операција на стомакот. Жената била подготвена за неколку мали реза на стомакот, добила анестезија, но тогаш нешто се случило. Анестезијата не делувала целосно и жената останала свесна и трпела надчовечки болки. Но токму поради анестезијата, не можела ниту збор да каже, ниту да пушти глас.

Таа во интервју го раскажува денеска ужасот што и се случил пред 15 години. За ББС раскажува дека станала свесна за тоа што ја очекува кога докторот го побарал скалпелот и почнал да и го сече стомакот. Но, анестезијата делувала така што не можела да се помрдне, а болката била неиздржлива. Операцијата траела час и половина, а Дона за цело време чувствувала и како и ставаат инструменти во неа, како ја сечат.

Дишењето и било контролирано, а од стрес пулсот и се зголемил, но вештачки бил стабилизиран. По некое време и паралитикот престанал да делува и жената се обидела да си го извлече цевчето од грлото, по што почнала да се гуши.

Тогаш слушнала непознат глас, кој и вели „Што и да се случи, со тебе се ќе биде добро“.

Анестезиологот веднаш и ставил маска и така се спасила од сигурна смрт. Подоцна му раскажала на докторот дека го слушала за целото време на операцијата и чуствувала ужасни болки, на што тој се расплакал и кажал дека му е многу жал. Канаѓанката по оваа операција со месеци одела на психотерапија.

Дона вели дека приказната не ја раскажала за да обвни некого, туку нејзината приказна да биде опомена за тоа што може да се случи при операција и да се внимава на пациентите.