понеделник, 22. јули 2019. Вести денес: 99
home Живот и стил

Тие се навидум обична брачна двојка, но нивната љубов е неморална и противзаконска – дознајте зошто

Тие се навидум обична брачна двојка, но нивната љубов е неморална и противзаконска – дознајте зошто

Американката Деби Зутант (51) по 15 годишна тајна врска се омажи за својот полубрат Џо (38).

Иако имаат ист татко и исто презиме, Деби и Џо не се познавале до 2003-та година, кога Деби, која била посвоена, го нашла својот биолошки татко, а тој и кажал дека има брат. Кога се сретнале, таа имала 35, а тој 23 години.

За британските медиуми откриваат дека станувало збор за љубов на прв поглед. Спиеле заедно веќе на втората средба, а само по две недели откако се запознале почнале заедно да живеат.

„Иако јас и Џо сме брат и сестра, веднаш кога се запознавме, се вљубивме. Имаме иста крв, но не се познававме претходно, па тоа е различен однос од оној меѓу брат и сестра кои живееле заедно”.

Кога конечно им признале на членовите на семејството дека се во врска, некои ги поддржале, а некои не. Иако бракот меѓу нив во САД е илегален, некако успеале да се венчаат без да го откријат крвното сродство.

Ваквиот брак во САД се казнува со парична казна од 24.000 долари и затвор до 15 години.

-Премногу сме вљубени за да размислуваме за тоа, вели Деби на прашањето дали се плаши од законските последици.