четврток, 20. септември 2018. Вести денес: 19
home Живот и стил

Тест: Колку работи од списокот имате- толку сте среќни!

Тест: Колку работи од списокот имате- толку сте среќни!

Дали сте среќни?

Сите се жалиме на животот. Често сме негативни, ништо не ни чини и слично. Но, колку сме всушност неблагодарни.

Овој тест ќе ви покаже дали сте навистина доста и потполно среќни. Пробајте! Ќе се чувствувате барем малку подобро. Ќе ги цените малите, а толку големи работи.

Имено, се вели дека е среќен секој кој ги има овие 7 работи во животот – дали сте помеѓу нив?

Имате ли?

1. Кров над глава?

2,7 милиони луѓе во Европа, по груби проценки, спаѓаат во бездомници. Ако утринава сте се разбудиле под кров, сени сте, иако за тоа не сте ниту свесни.

2. Ги имате двата родители?

Среќни сте затоа што се уште сте нечие дете и ги имате најдобрите и безусловните пријатели

3. Не сте смртно болни и никој од вашите најмили не е смртно болен?

Немате идеја колку сте среќн во овој момент ако вашиот одговор е ДА.

4. Живеете во земја во која мирот е константна категорија?

Помислете колку луѓе во овој момент не се чувствува безбедно во својата земја.

5. Среќно сте вљубени?

Иако не постојат статистики за ова поле, помислете колку луѓе се емотивно неисполнети.

6. Имате брат или сестра?

Заблагодарете му на Господ за нив!

7. Се занимавате со работа која ја сакате?

Ако сте професионално исполнети и на работа не одите со мачнина во стомакот, тогаш, да, многу сте среќни.