сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 16
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Живот и стил

Телото во подобра форма и поздрав сон: Сè за осум минути

Телото во подобра форма и поздрав сон: Сè за осум минути

ПРАВИЛОТО Е МОШНЕ ЕДНОСТАВНО: колку поредовно вежбате, подобро ќе спиете. Вежбите што се изведуваат со тежината на сопственото тело се ефикасни, без разлика дали сте на почетно или на напредно ниво.

За да ви биде поинтересен тренингот, вклучете и кардиотанц, а за поинтензивно обликување на мускулите додајте ги и движењата на лизгање.

Можете да користите лизгачки дискови на мазна подлога, на пример на паркет, а можете да употребите и обична крпа или чорапи. Нестабилноста при изведување на лизгачките движења ангажира помали групи на мускули, што ги прави вежбите за нијанса поинтензивни.

Покрај тоа, сет тегови од 1 до 1,5 кг е сè што ви е потребно за овие енергични вежби, кои истовремено ги обликуваат и мускулите на задникот.

Верувале или не, доволни се само 8 минути дневно вежбање со тегови за обликување на телото.

Коронавирус