понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Живот и стил

ТАЈМС: Фотографија од црквата Св. Јован Канео победник во серијата фотографии од патувања

ТАЈМС: Фотографија од црквата Св. Јован Канео победник во серијата фотографии од патувања

Црквата „Свети Јован Канео“, едно од најрепрезентативните обележја на Охрид, е мотивот на наградената фотографија што ја додели вчерашното издание на неделното издание на лондонскиот весник „Тајмс“.

Станува збор за фотографија на Стив и Џин Куртек, испратена до весникот на отворениот конкурс за најдобра фотографија, за потребите на специјалното издание за патувања „Treilfinders“.

Победниците на серијата седмични фотографии влегуваат во трка за финалната награда што ќе биде прогласена дополнително.

Охрид и неговите природни убавини заедно со неповторливиот амбиент што го дава Охридското Езеро честопати е мотив на фотографии објавувани во најпознатите светски дневни весници и престижни специјализирани списанија.

ЕУРО 2020

Македонија