петок, 5. март 2021. Вести денес: 146
home Живот и стил

Таа ја даде својата ќерка на посвојување веднаш по раѓањето, а еве како се пронајдоа 50 години подоцна

Таа ја даде својата ќерка на посвојување веднаш по раѓањето, а еве како се пронајдоа 50 години подоцна

Паулина Падер (65), забременила кога имала само 14 години. Таа се плашела да им го признае тоа на своите родители, па им се доверила на своите пријатели за голема тајна, но многу бргу веста дошла до нејзиниот татко, кој и се заканил дека ако роди дете, нема да може да го донесе дома.

Тој и забрани да излегува, па таа ја прекина врската со таткото на детето и одлучи дека детето ќе биде дадено на посвојување. Нејзината постара сестра Керол рече дека ќе ги прими неа и детето, но таткото не сакаше ни да слушне за тоа.

Паулина роди здраво девојче на кое му го даде името Луиз.

„Веднаш се поврзав со неа, но кога родителите ми дојдоа во болница, татко ми не сакаше ниту да ја погледне“, рече таа.

Додаде дека девојчето веднаш по раѓањето било дадено на посвојување.

„Кога ќе пораснеш, можеби ќе се сретнеме. Ти ќе ме паметиш мене, а јас тебе“ и рече тогаш на малата Луиз, од која единствено сеќавање и беше фотографија од бременоста.

Таа неодамна одлучи да ја побара својата посвоена ќерка преку емисија која се занимава со обединување на членовите на семејството кои изгубиле контакт. Не беше потребно многу истражување за водителката Давина Мекол да открие дека нејзината ќерка ја следи на Фејсбук со години, но не се вика Луис, туку Керол Вајтхед.

Керол изјави дека по смртта на нејзината посвоителка, решила да ги побара биолошката мајка и семејството. Со помош на пријател ја пронашла на Фејсбук, но од страв дека таа може да одбие контакт, решила само да ги следи нејзините статуси и фотографиите што ги објавува.

По учеството во шоуто, мајката и ќерката конечно се обединија.

“Ние се поврзавме веднаш штом се запознавме и оттогаш се слушаме. Едноставно нема непријатна тишина, како да сме живееле секогаш заедно. Сега мојот живот е целосен”, заклучи мајката за Мирор.

Коронавирус