четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 109
home Живот и стил

„Таа е мојот херој“: Девојче го спаси животот на својата мајка (ФОТО)

„Таа е мојот херој“: Девојче го спаси животот на својата мајка (ФОТО)

Беки (32) се онесвестила на подот во нејзиниот дом во британскиот град Престон, но нејзината ќеркичка Џесика Киндер не се испаничила.

Дејли Меил пренесува дека девојчето прво се обидело да ја разбуди мајка си со истурање вода врз лицето, а кога тоа не успеало, таа почнала да и дава вештачко дишење.

Девојчето, исто така, повикало брза помош.

Мајката кога се разбудила била опкружена со болничари.

-Многу сум горда на неа. Не можам да верувам колку постапи херојски. Мора да била во голем  стрес кога се случило тоа, но ме спаси. Зачудувачки е што дете од седум години прави вакво нешто. Таа е мојот херој. изјави Беки.

Никому не беше јасно како девојчето знаело што да прави, а кога ја прашаа, таа одговори: „Видов на Јутјуб“.

Коронавирус