сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 0
home Живот и стил

Светот ги осуди овие родители: Бебето го хранат со остатоци најдени во контејнери, ова е нивното оправдание

Светот ги осуди овие родители: Бебето го хранат со остатоци најдени во контејнери, ова е нивното оправдание

Челси Флеминг и нејзиниот свршеник Џони Пинети, пар од Џорџија, решиле да копаат по контејнерите за да заштедат пари. Идејата им ја дала тетката на Џони.

-Таа копаше по контејнерите и секој пат кога ќе дојдеше, носеше еден куп работи – парфеми, храна, шминка, облека, раскажува Челси.

Нивното прво пребарување на контејнерите дополнително им ја зголемило желбата да продолжат да го прават тоа.

-Нашето прво самостојно пребарување на контејнерите беше вистински џекпот. Пронајдовме нов божикен асортиман кој на себе имаше етикета, и тоа во вредност од неколку стотина долари, се присетува младата мајка, која е уверена дека тоа бил паметен потег.

Вистинска пресвртница доживеала кога одлучила нивните оброци да ги планира исклучиво од она што ќе го пронајдат во контејнерите.

-На овој начин многу лесно ги преполовивме нашите месечни трошоци за храна, истакнува таа.

Вели дека на храна заштедуваат околу 200 долари месечно, но покрај заштедата, копањето по контејнерите им носело и заработувачка.

-Досега веќе се соочиле со полицијата, а неодобрувањето на овој начин на живот од страна на оние кои ги познаваат им станало секојдневие, пишува „Метро“.

„Штедливи сме, а своите пари ги трошиме мудро“, истакна Челси, која за себе вели дека секогаш била скромна, а овој начин на живот сака да го промовира и на другите за, како што вели, да ја спаси природата и да ги научи да не ја фрлаат храната.

Иако многумина им велат дека е целосно погрешно да го одгледуваат детето со храна од контејнери, парот е уверен дека не прави ништо погрешно, туку напротив, служат како позитивен пример.