понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 1
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Живот и стил

Студија: Загадениот возух го скратува животниот век за три години

Студија: Загадениот возух го скратува животниот век за три години

Според една студија, загадувањето на воздухот убива 19 пати повеќе од маларијата, девет пати повеќе од сидата и скоро три пати повеќе од алкохолот, јави дописникот на МИА.

„Пандемијата“ на загадување на воздухот го намалува животниот век во светски просек за речиси три години и предизвикува 8,8 милиони случаи на прерана смрт годишно, покажува студијата објавена денеска од германскиот институт Макс Планк.

-Загадувањето на воздухот претставува  поголем ризик за јавното здравје отколку пушењето, објаснува Joс Лелибелд од Институтот Макс Планк (Мајнц, Германија), првиот автор на студијата објавена во списанието на Европското здружение за кардиологија и кардиоваскуларни истражувања.

Коронарните болести и кардиоваскуларните проблеми претставуваат речиси половина од смртните случаи, заболувањето на белите дробови, високиот крвен притисок и дијабетот се најголемиот дел од другите заболувања предизвикани од загадувањето на воздухот. Само шест отсто од смртноста поради загадувањето на воздухот се должи на рак на белите дробови.  

Начинот да се избегне ова е да се намали емисијата на штетни гасови, односно да се заменат фосилните горива со нова обновлива енергија, сметаат научниците.

Парламентарни избори 2020