недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 0
home Живот и стил

СТУДИЈА: 21% дијабетичари позитивни на Ковид-19 умираат по 28 дена хоспитализација

СТУДИЈА: 21% дијабетичари позитивни на Ковид-19 умираат по 28 дена хоспитализација

Секој петти пациент со дијабетес примен во болница со коронавирус умира во рок од 28 дена, според резултати од новата студија.

Студијата е на Универзитетот во Нант. Студијата исто така откри дека еден од осум пациенти со дијабетес хоспитализиран со коронавирус се уште е во болница 28 дена по приемот.

Нивните анализи исто така покажуваат дека за 28 дена хоспитализација, 577 од 2.796 пациенти во студијата починале (21 отсто), додека речиси 50 отсто (1.404) биле отпуштени, со престој во болница од девет дена.

Околу 12 отсто останале во болница 28 дена, додека 17 отсто се префрлени во друга здравствена установа.

Студијата е објавена во списанието Diabetologia.

Прелиминарните резултати од студијата беа објавени во мај 2020 година, покажувајќи дека 10 отсто од пациентите со дијабетес примени во болница со коронавирус умираат во рок од седум дена.

Локални избори 2021