понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 44
home Живот и стил

Страната од лебот: Приказна за долг и среќен брак

Страната од лебот: Приказна за долг и среќен брак

Таа печела леб секое утро, бидејќи тоа била нивната традиција. Исекла две парчиња леб и двете ги намачкала со путер.

Како и обично, го дофатила парчето од средината за да му го подаде на својот сопруг, а за себе да го остави оној со кора, но одеднаш застанала.

Таа помислила:

„Денес, кога славиме 30 години од нашиот брак, јас сакам за појадок да го изедам парчето од средината. Сонувам за него целото ова време. Бев примерна жена сите овие години и ги воспитав нашите синови да бидат добри луѓе. Вложив толку многу за доброто на нашето семејство!“

Одлучила на сопругот да му го даде парчето леб со кора, но раката ѝ затреперила поради тоа што ја прекршува традицијата која е стара веќе 30 години.

Мажот внимателно го прифатил лебот и ѝ рекол:

„Денес ми даде прекрасен поклон, драга. Цели 30 години не сум го јадел делот со кора кој толку многу го сакам, бидејќи сепак е правично ти да го добиеш она што најмногу го сакаш! Ти благодарам!“

Коронавирус