понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 96
home Живот и стил

Среќата зависи од здравјето и пријателите, а не од парите!

Среќата зависи од здравјето и пријателите, а не од парите!

Според истражување спроведено од Лондонската Школа за економија, причина за несреќата кај луѓето се распаднатите врски и физички, но и ментални заболувања, а не парите.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека намалувањето на нервозата и депресијата може да придонесе за повеќе среќа во животот, отколку заработката на повеќе пари. Според Лорд Ричард Лејард кој е лидер на истражувачкиот тим, во последните 50 години луѓето се многу понесреќни од порано, иако тие заработуваат повеќе.

Според истражувањето, владите треба да инвестираат во темите поврзани со менталното здравје и анксиозноста кај луѓето, и тоа многу повеќе од инвестирањето во отворањето бизниси, кои можеби финансиски им помагаат на луѓето, но ги прават несреќни и депресивни. Заклучокот од истражувањето посочува дека треба да се креира добросостојба, наместо богатство.

Притоа, освен менталното и физичкото здравје, важни се и темите поврзани со семејното насилство, алкохолизмот, депресијата кај младите…