недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 98
home Живот и стил

Спречете го вашето дете да седи вака- оваа положба може многу да му наштети

Спречете го вашето дете да седи вака- оваа положба може многу да му наштети

Како родители, многу важно е да ги слушате советите на физиотерапевтите, од кои еден е и забраната детето да седи во позата „жаба“.

Позата жаба изгледа вака:

Детето седи на под, неговиот задник се наоѓа меѓу нозете кои се подвиткани кај колениците, а притоа петите се благо извртени нанадвор.
Ако го погледнете детето одозгора, изгледа како неговите нозе да ја формираат англиската буква W.

Секое дете може да ја развие оваа навика, затоа што позата е удобна доколку често седи на под.

Во оваа поза детето нема можност за активно движење на целото тело, а во раниот период посебно важно е да можат правилно да ја распоредат и преместат тежината на телото. На тој начин двостраната координација се развива со задоцнување.

Според тоа, ако детето има и најмал проблем со двостраната координација, постои можност во иднина да се забават вештините како цртање, пишување, прескокнување јаже, фрлање топка…

Ако на вашето дете му е тешко да се одржува на подот во друга поза, освен во оваа, задолжително посетете физиотерапевт.

Коронавирус