четврток, 13. август 2020. Вести денес: 133
home Живот и стил

Совршен тен за неколку минути: Направете сами препарат за самопотемнување од само една состојка

Совршен тен за неколку минути: Направете сами препарат за самопотемнување од само една состојка

Половина од летото помина, а многумина од нас не одлучија да одат на море, но тоа не значи дека не можете да шетате низ град со убав тен – и тоа природен

За постигнување убав бронзен тен, потребни се неколку дена на море, планина, езеро, а тоа подразбира часови и часови излежување на сонце.

Знаеме дека сончевите зраци ја уништуваат кожата, можат дури и да предизвикаат канцер, па многу жени последниве неколку години се штитат од сонце, а бронзениот тен го добиваат така што купуваат препарати за самопотемнување.

Но ако не им верувате на купечките или ви се скапи, ви предлагаме едноставен рецепт за препарат по кој кожата ќе ви биде како свила, а тенот бронзен. Се прави само од една состојка, важно е само пред неговото нанесување, добро да го подготвите телото со пилинг.

Овој препарат многу лесно се премачкува, а помага и за изгореници од сонце. Ќе бидете воодушевени!

Од состојки ви треба само црн чај! Во 2 дл вода додајте 2 супени лажици црн чај, оставете го да се олади половина час, процедете го чајот, сипете го во шишенце со пумпа и испрскајте го производот на целото тело и секако на лицето.

Коронавирус